АБРАМОВИЌ ПОДГОТВЕН: Азар во Мадрид, Роналдо во Лондон, прашањето е – Колку е подготвен да плати за Нејмар?

Еден од најдобрите играчи на денешниата, играчот кој го води Челси кон шампионска титула тимот на Челси, би можел да го напушти Стемфорд Бриџ летово.

Според извори на шпански медиуми, зделката е веќе договорена. Имено, Азар ќе потпише за кралскиот клуб, но нема да ја има можноста да игра заедно со најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо, за кој се поизвесно е дека ќе го напушти клубот од Реал. Она што е интересно е дека истите извори наведуваат дека Португалецот отстапувајќи го своето место во Реал на Азар, заминува во тимот на Роман Абрамовиќ кој е подготвен ова лето да го одврзе ќесето не само за него, туку и за играчот за кој се заинтересирани од Реал, а тоа е легендарниот бразилски талент Нејмар за кој се почесто се пишува дека не е среќен во ПСЖ и дека својата иднина во нов клуб му е се по веројатна.

Англиските медиуми и порано пишуваа за желбата на Реал да го донесе Азар а за тоа ќе мора да понуди повеќе од 110 милиони фунти.

Според белгиските медиуми Азар на своите пријатели им говорел: Мојот план е да станам шампион со Челси, a доколку не успеам во тоа заминувам во Реал бидејќи тоа ќе ми биде единствен начин да ја освојам Златната топка.

Доколку ваквиот план успее, шансите на Челси но и на Абрамовиќ да влезе силно во трката за потписот на Бразилецот се се поголеми, а тоа значи дека клубот од Мадрид ќе види голема мака додека да успее да го привлече Нејмар, секако, доколку во тоа не биде побрз рускиот тајкун Роман Абрамовиќ.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*