Албанскиот претседател во дводневна посета на Македонија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе биде домаќин на Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Иванов и Мета утре ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Албанскиот претседател утре треба да има средба и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*