Апел за малиот Матеј Стоилов, чиј татко сака да го продаде бубрегот за да го лекува својот син…

Почитувани,

Ова барање го упатуваме до сите роднини, другари, пријатели, познаници, како и до компаниите кои што сакаат да ни’ помогнат да продолжиме со лекувањето со нашето детенце МАТЕЈ СТОИЛОВ од Делчево.

Апел за Матеј Стоилов

Приказната за нашиот мал, најмил, Матеј Стоилов од Делчево, кој има само 6 годинки, чиј татко сака да го продаде бубрегот за да го лекува својот син, повторно се актуелизира, бидејќи на детето му треба помош.

Матеј Стоилов е лице со повеке видови на пречки во развојот. Лице со умерен ментален хендикеп, со кофециент на интелегенција 49, и лице со аутизам. Лице со мизијална темпорална склероза, со кое нашето дете Матеј Стоилов има многу оштетување на мозочето на левата страна, кое се проширило и на десната страна. Воедно, Ви објаснуваме дека на Матеј Стоилов сеуште не можеме да му ја утврдиме точната дијагоноза. Затоа, се трудиме и мачиме да ја дознаеме дијагонозата, за утре нашето дете да може да застане на здрави нозе и здрав разум, после нас.

Лековите кои ги добива Матеј се од надвор од државата, и се доста скапи. Ние како семејство сме сиромашни и невработени, и ги немаме потребните средства за понатамошното лекување на нашето дете. Истите не’ чинат 250 евра на месечно ниво, а дополнително е потребно и плаќање на логопед, дефектолог, правење на снимки, како и физикални терапии, и слично.

Апел за Матеј Стоилов

Затоа, сум решен, јас како родител и како татко на мојето дете Матеј Стоилов, да го продадам мојот сопствен бубрег без размислување, само да си го излекувам детето, бидејки после мојата смрт самото неможе да се гледа.

Моментално, нашето дете треба да го однесеме во Турција (Истанбул) на понатамошно испитување при кое треба да направиме три снимки. Само трите снимки ќе не’ чинат 3,800 евра, а дополнително и прегледите и другите испитувања во зависност каде ќе не’ испратат за понатамошно испитување.

Во неколку наврати, во изминатиот период од лекувањето на нашето дете, се организираа хуманитарни акции од страна на Младите волонтери на Црвениот Крст од Делчево, за да продолжиме со нашето лекување. Но, тоа е само еден мал дел околу лекувањето на нашиот Матеј.

Апел за Матеј Стоилов

На Матеј Стоилов многу му е потребна Вашата помош за идни медицински испитувања, па затоа да му помогнеме сите заедно.

Затоа, секој хуман граѓанин, како и секоја фирма кои се во можност да донираат, Ве молиме да го направат тоа на следната жиро-сметка за донации.

Трансакциска сметка за донации:
‎‎240 1671025375 13, Уни Банка, за Матеј Стоилов

Од странство може да се донира на девизната сметка за донации:
IBAN>MK 07240167102537513
SWIFT: UIBMMK 22

Телефонски број за донации:
ВИП-ОНЕ – 143-484

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА КОН НАС, И ЗА ВАШАТА СКРОМНА ДОНАЦИЈА.
Со почит – семејство Стоилови.

Телефон за контакт со родителите на Матеј Стоилов – 078/249-702.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*