Апел за помош на чичко Војне и неговото семејство

Чичко Војне  живее во село Подвис, Прилепско, чиј живот е неподнослив со сиромаштијата која јаде секој ден, а камоли со инвалидитетот со кој е роден (слепило на двете очи), воедно тешко е и одржувањето на ќерка му Даниела, која има посебни потреби, вклучувајќи и ментална и физичка заостанатост. Тетка Снежана е речиси столбот на семејството иако и самата веќе пати од срцева мана. За жал, поради неможноста некој од нив да биде во нормален работен однос, живееат од социјална помош.

Потребно е пред се:

-ЛЕКОВИ (Хелекс 0.25mg, Диазепам, Деметрин 10mg, Флунисан 20mg, Ефридол прашоци, Енап 20mg, Хидрохлоротиазид 25mg, Амлодипин 10mg, Спазмекс, Ибутоп маст, Нолпаза)
-ХРАНА
-ДРВА ЗА ОГРЕВ
-ФИНАНСИИ
-ИГРИ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Трансакциска сметка, доколку некој сака финансиски да помогне
Блажески Војне
Ул. Даме Груев бр.37
село Подвис, Општина Кривогаштани
200000479566925 на Стопанска банка

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*