Атлетико ослабен на Емирати?

 

Ждрепката за полуфиналето во Лига Европа, ги спои Арсенал и Атлетико Мадрид. И сигурно дека ова ќе биде финале пред финалето.

 

Но, Атлетико во Лондон би можел да патува без еден од своите најдобри играчи. Диего Коста е неизвесен за овој натпревар бидејќи поради повреда порано го напушти теренот во Лисабон, во рамки на реванш дуелот со Спортинг.

 

По дополнителните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на задната ложа на левиот бут. Сеуште не се прецизира колку ќе трае опорувувањето.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*