А ШТО СЕ БУГАРИТЕ, МАКЕДОНЦИТЕ И ГРЦИТЕ ЗА АРАПИТЕ ?

Доволно фер е да се каже дека ударот на глобализацијата во културната сфера, генерално, се надгледува со одреден песимизам, проследено со деструкција на културните идентитети, жртви на повредите од хомогенизираната, западизираната потрошувачка култура. Културна универзализација контра културен империјализам?
Денес се повеќе се тврди дека се ноаоѓаме во ера на „универзална цивилизација”. Ваквата идеја имплицира постоење иа културна заедиица на човештвото и прифаќање на заеднички вредности од страна на сите луѓе ширум светот.

Прво, човечките суштества во речиси сите делови на светот делат исти или скоро исти заеднички вредности. Ако постои универзална цивилизација која е заедничка за човештвото, како тогаш би се означиле одделните културни групирања меѓу луѓето, од причина што човештвото е поделено на подгрупи, племиња, нации и пошироки културни ентитети. Денес живееме во глобална цивилизација, која покрива или крие огромна разноличиост во култури, народи и религиски светови.

Второ, поимот „универзална цивилизација” може да се користи и упатува на она што цивилизациите имаат заедничко, што ги разликува од примитивните општества и вaрвари. Цивилизацијата во оваа смисла се ширела низ човечката историја и нејзиното ширење во еднина е компатибилно со постоењето на цивилизацијата во множина.

Трето, изнесена е идеја дека ширењето на западната култура создава универзална цивилизација. Иновациите од една цивилизација се пренесуваат на друга. Сепак, тоа не мора да има некаква кутурна последица за останатите цивилизации, бидејќи или се увезува затоа што е егзотично или се увезува затоа што се наметнува. Некаде на Блискиот Исток младите можат да бидат облечени во џинс, да пијат кока-кола и слушаат западна музика, а сепак да постават бомба во американски авион. Во изминативе години, западните потрошувачи купуваат јапонски автомобили, телевизори, камери и електронски апарати, а да не се „јапонизираат”, иако во одредена мера стануваа силно антагонистички поставени кон Јапонија. Само наивната ароганција може да ги наведе западњаците да претпостават дека незападњаците ќе станат „позападначени” со стекнувањето на западните добра.

Идејата за ваква цивилизација е производ на западната култура. Во 19 век идејата за „товарот на белиот човек” помогна во проширувањето на западната економска и политичка доминација. Во 21 век идејата за универзална цивилизација помага во оправдувањето на западната култура над другите култури. Универзализмот е идеологија на западот. Не-западот го гледа она што Западот го гледа како универзално.

Аргументите за појава на некаква универзална цивилизација се:

Прво, дека падот на советскиот комунизам доведе до универзална светска победа на либералната демократија. Сепак, перспективите на Студената војна не доведоа до универзалност на либералната демократија, од причина што постоеја и други облици на авторитаризам, национализам, комунизам (како во Кина), кои се уште постојат во денешниот свет. Од друга страна религијата е главниот двигател кој денес ги мобилизира луѓето и чувствата, арогантно е да се смета дека Запад, откако исчезна комунизмот, го освоил светот за сите времиња

Второ, дека се поголемата интеракција мегу лугето Во кој било сегмент од животот, создава заедничка култура на светот, подобрувањето на транспортот и комуникациите доведе до Поефикасно движсње на парите, добрата, услугите и лугето, што создава меѓународен сообраќај. Дали според овој развој глобалната трговијата ја намалува или ја зголемува веројатноста од судир. Меѓународната трговија доби силен замав во седумдесетите и осумдесеттите години, но не успеа да го надмине рекордот од 1913 година, кога во наредните децении се случија најголемите ужаси на човештвото. Сето ова не ја поддржува либералната претпоставка дека трговијата Промовира мир.
Во ‘Минатото, пред ерата на глобализацијата, постоеја локални, автономни посебни и добро дефинирани, силни културно одржани врски меѓу географските места и културните искуства. овие врски конституираа еден заеднички културен идентнтет. Овој идентитет беше нешто што луѓето го поседуваа како егзистенцијална сопственост, наследство, корист од традиционално долгото задржување на континуитет со минатото. Идентитетот беше вид колективно богатство на локалните заедници. Но, беше откриено дека идентитетот е кршлив и има потреба од заштита. Во овој свет на разновидност културните идентитети ја распрснаа (некаде во осумдесеттите години од минатиот век), корозивната моќ на глобализацнјата. Глобализаиијата се помести како прилив низ светските различни култури, уништувајќи ги стабилните, раселувајќи луѓе, доведувајќи пазарен нагон, брендирана хомогенизација на културни искуства, со тоа уништувајќи ги разликите меѓу локално дефинираните култури што го создадоа идентитетот. Поради тоа, глобализацијата се осудува како процес на губење на културната различност.

Идентитетот е концепт што лежи во срцето на нашата современа културна имагинација. „Нашиот свет и нашите животи се вообличени од конфликтните трендови на глобализацијата и идентитетот. Примарното спротивставување на моќта на глобализацнјата лежи во широко распространетите брановн на моќните изразувања на колективниот идентитет кој ја предизвикува глобализацијата… во корист на културната посебност и човечката контрола над своите животи и средината. Сето ова имплицира дека глобализацијата доведува до деструкција на културниот идентитет и особено закана за опаѓање на културниот идентитет кој го знаеме како „национален идентитет. Сепак, глобализацијата, далеку од уништувањето, е најзначајна сила во создавањето и размножувањето на културниот идентитет.

Годините по Студената војна сведочат за почеток на драматични промени во идентитетот на народите и симболите на тој идентитет. Глобалната политика почна да се преобликува по должината на културните граници. Во Сараево, во април 1994 година, насобраните две илјади луѓе виореа знамиња на Саудиска Арабија и Турција, како знак на идентификување со своите муслимански сонародници, наместо знамиња на ОН. НАТО или САД, притоа укажувајќи кои се нивните вистински пријатели, а кои се непријатели.
Во глобалниот свет, народите и државите со слични култури се здружуваат, додека народите со различни култури се раздвојуваат. Политичките граници се повеќе се повлекуваат за да бидат идентични со културните граници: етнички, религиски или цивилизациски. Додека државата можеше да ја избегне Студената војна, нејзе не можсше да и недостасува идентитет. Прашањето „На чијз страна сте?” денес е заменето со прашањето „Кои сте вие?”
Секоја држава требаше да има одговор. Одговорот, нејзиниот културен идентитет, го одредува местото на државата во светската политика, нејзините пријатели и нејзинитс непријатели “.
Во деведесеттите години се случи глобална криза во однос на прашањето на идентитетот. На секое место во светот луѓето прашуваат: „Кои сме ние, каде припаѓаме и кој не е како нас?” Ваквите прашања на идентитет се особено заострени во државите што имаат повеќе групи луѓе со различни култури. Она на што луѓето можат да сметаат во кризата на идентитетот, се семејството, религијата, јазикот, вредностите и институциите, оддалечувајќи ги од оние кај кои тоа е различно.

Во општествената психологија се смета дека луѓето се идентификуваат според она што, во посебен контекст, ги прави различни од другите. Луѓето својот идентитет го одредуваат по она што не се. Поради зголемениот обем на трговијата, комуникациите и интеграцијата меѓу цивилизациите, луѓето се поголема важност придаваат на својот цивилизациски идентитет. Двајца Европејци, Германец и Французин, меѓусебно влијаат идентификувајќи се како Германец и Французин. Двајца Европејци, Германец и Французин, кои соработуваат со двајца Арапи, Суданец и Египќанец, се идентификуваат како Еврапејци и Арапи. Африканец од Нигерија во Лондон е Нигериец, додека во Америка ќе биде идентификуван како Африканец.

А ШТО СЕ БУГАРИТЕ, МАКЕДОНЦИТЕ И ГРЦИТЕ ЗА АРАПИТЕ ?

Автор: Димо Петкоски, Професор по филозофија и член на ИК на ГДУ

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*