Бадеми- корисна и здрава храна

Бадемите се корисна и здрава храна, која содржи голем дел од препорачаната дневна количина на витамини, минерали и амино киселини. Сировите бадеми се одлични за здравјето и се вклопуваат во сечиј режим на исхрана. Бадемите споро се разградуваат, па поради тоа ситоста ќе ја чувствувате значително подолго. Тие се одличен извор на диетални влакна, неопходни за правилна работа на дигестивниот тракт.

Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои заштитуваат од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од секое друго ковчесто овошје. 30 гр. бадеми содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолната киселина, се препорачува и на трудниците.

Бадемот ги зајакнува нервите и мускулите, поволно делува на нервниот систем, за цревата е антисептик, го снабдува телото со многу минерали (калциум, калиум, цинк, железо), го забрзува варењето итн.

Овие јаткасти плодови се многу богати со важните витамини кои се дел од Б комплексот, како што се рибофлавин, ниацин, тиамин, пантотенска киселина, витамин Б6 и фолати. Сите овие играат важна улога и претставуваат ко-фактори за ензимите за време на клеточните метаболитички реакции.

Денешниот нездрав начин на живот во организмот создава слободни радикали. Тие во последно време се познати како причинители на се повеќе болести, па и оние најтешките – малигни. За да ја намалите количината на слободни радикали и штетата кои тие ја нанесуваат, потребни ви се антиоксиданси. Витаминот Е е еден од оксидансите кои ќе ви помогнат во тоа, а бадемот содржи голема количина на тој витамин.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*