Барселона: Свесни сме дека Нејмар сака да се врати, но…

Бразилецот Нејмар повторно е топ тема низ светските медиуми, а причината за тоа не е повредата туку можноста да го напушти Пари Сен Жермен по само една едно.

Минатото лето „светците“ за него издвоија 222 милиони евра, но по се изгледа на Нејмар не му е идеално во Пари и се говори за негово заминување и враќање во Шпанија. Во прв план тука е Реал Мадрид кој во минатото како и сега не крие дека сака да го види напаѓачот во своите редови, ама меѓу информации се појави и вест за кам-бек на бразилскиот волшебник на „Камп Ноу“.

Наводно Нејмар признал дека згрешил и сака да се врати во поранешната своја екипа во која вистински се промовираше на голема сцена. На оваа тема и можност се огласија тренерот Ернесто Валверде, Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо за да сега дојде официјалан став од клубот кој го пренесе потпаролот, Хосеп Вивес.

-Ние не сме свесни оти Нејмар сака да се врати во Барселона. Бразилецот беше играч кој го напушти клубот и ние му посакавме среќа кога си заминуваше. Оттогаш ништо не се случило. Ние нема да влеземе во хипотетичка дебата за тоа што некој вели за играч кој не е во наша сопственост, -истакнал Вивес.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*