Болницата во која се лечел Хитлер е најморничавото место во светот (ФОТО)

Оваа болница за време на Првта светска војна била наменета за лечење на илјадници германски војници, а и во Втората светска војна ја имала истата намена. Болницата е затворена кон крајот на минатиот век, а сега е руина што изгледа како кадар од некој хорор филм.

Тешко е да се замисли каков би бил светот ако не постоела болницата Белич-Хеилштатен во Берлин каде се лечел Хитлер за време на Првата светска војна. Хитлер бил ранет од нападот на Британците со плин.

ФОТО

Секако во оваа болница не се лечел само Хитлер. Во оваа болница за време на Првата светска војна се лечеле илјадници германски војници, а истата намена ја имала и во Втората светска војна, а се грижеле и за советските војници по војната.

ФОТО

Болницата работела се до паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1990 година. Болницата е изградена во 1898 година како санаториум и како центар за рехабилитација.

ФОТО

Откако конечно е затворена во 1995 година, се останало во неа од опремата од операционата сала до собите за изолација, кои до ден денешен изгледаат застрашувачки.

Веб страницата Конд наст травелер оваа болница ја прогласиле за најстрашното место во светот, а фотографиите тоа го докажуваат.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*