Борисов: После средбата од 120 секунди на македонскиот врв, не знам зошто треба да го примам Иванов со сите почести

Секогаш сум гледал да помагам на Македонија и кон претседателот Иванов сум се однесувал со почит. Кога бев на посета во Скопје, бев кај него на гости, кај мојот колега Заев но исто така и на тогашниот лидер на опозицијата Груевски во централата на неговата партија. И тогаш и сега им кажав дека под никаков начин не се мешаме во внатрешните работи на Македонија како и на спорот  за името со Грција. Единствено кое што посакуваме е членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Секогаш сме ги поддржувале во се. Двете опозициски партии и во Македонија и во Грција се членки на ЕПП и ги замолив лично да помогнат да се најде решение на спорот.
Иако Ципрас и Заев се социјалисти т.е се друго политичко семејство во Европа ја имаат мојата поддршка за изнајдување на решение.
Секогаш сум го почитувал Иванов како мој пријател но многу е лесно од страна да седиш и да критикуваш.
Како ќе се вика Македонија е работа на македонскиот и на грчкиот народ. И како ќе го решат тој спор е нивна работа. Ние не се мешаме во таа работа. Како ќе го решат на референдум или на поинаков начин си е нивна работа. После средбата од 120 секунди која ја имале врвот на Македонија не знам зошто денеска треба јас да го примам Иванов со сите почести. Тоа си е нивна работа.
За нас е важно Македонија да биде членка на Европската Унија.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*