Бранител од 2001 г. го повикува Јохан Тарчуловски на тв дуел

Ги замолувам бранителите од 2001 год да не се потценуваат самите себеси и очекувам тие јавно да проговорат. Јас како бранител сакам јавно да ги осудам лажните и дволични луѓе како Јохан Тарчулоски. Секогаш кога ке извршивме смена која траеше 10 дена во тетовскиот регион( селата Ратае, Требош, Јегуновце) ние се повлекувафвме немиени небричени и не личевме на луѓе. Имавме прилика да појдеме на Водно за да подигнеме пари кои ги земавме лично  преку чекови од просториите во МВР. Таму можеше да се види квазибранителот Јохан Тарчулоски кој се шеташе како паун во кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Јохан е само слуга на криминалот и учесник на пустошењето на Македонија во таборот на Грујо и србоудбашите. Јас Зоран Граороски, пред оддржувањето на вториот круг од локалните избори, го повикувам Јохан Тарчуловски на тв дуел на било кој медиум

Пишува: Зоран Граороски (бранител од 2001 г.)

Порталот „Поглед“ се оградува од тврдењата изнесени во написот. Тие се личен став на авторот и по никаков начин не можат да бидат поврзани со нашата редакција.

Му стоиме на располагање на г-нот Јохан Тарчуловски, во случај, ако сака да одговори и да ги демантира изнесените ставови во објавениот напис. 

2 Коментари

  1. Vie od POGLED mnogu se pravdate pred Trculoski.
    Moreeeee serkovciiiii !!!

  2. Ako e mas neka prifati

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*