Бугари су ушли у Софију (Во Скопје)

 

Сигурно сите се сеќавате на настанот кога Миленко со токмакот, се качи на некоја си недефинирана планинска чука, и искрши некои остатоци од камења кои до ден денес не ги виде што се, и дали воопшто имаа некаков натпис. Не битно. Настанот беше медиумско шоу. Миленко скршил спомееник, или камен, не битно, каде група бугарски планинари оставиле венец со цвеќе во чест на загинатите бугарски војници во првата светска војна. Она што доби трагичен размер на целиот тој настан, е силниот оддек на одобрување на еден антицивилизациски потег. Сквернавење на место каде што војници ги оставиле своите души. Српски, Бугарски, Француски, Грчки. Она што ценетиот публикум во Македонија не успеа да го научи и види од историчарите кои деновиве ја бранат Македонија, нели, е податокот дека рамо до рамо, како сојузници, Бугарите, четите на ВМРО и 11 Македонска дивизија, 33 000 на број, на Кајмакчалан, го бранеле пробивот на Србите, Французите и сојузниците, кон Солунското поле. Напаѓани од Србите и Французите фронтално, и од Грците од зад грб одрабаната на Солунското поле на Кајмакчалан завршува со пораз на Бугарија во чија армија биле рамо до рамо и четите на ВМРО и 11 Македонска дивизија. Ова историчарите, кои деновиве ја бранат Македонија од клетите предавници, не го нотирале во ни еден учебник. Поради тие историчари со години ја отфрлавме Мара Бунева. По 15-20 години, истата таа Мара Бунева почнавме да ја славиме со наши плочи а Бугарите да ги обвинуваме дека ни ја крадат хероината. Доста со парадоксите. Со историчариве наши што праиме? Што тие имаат нотирано во нашите учебници, за овој народ да излезе од кругот на лагите и манипулациите? Нација која е дресирана по србо-комунистички терк и бомбардирана со 20 странички црна историја во која клетите Бугари стрелале 12 момчиња во Ваташа, тешко ќе ја сварат реалноста дека ВМРО и Македонците, пред 1945 година, имале свои други сојузници. И во времето на Првата светска војна, и за време на Илинденската епопеја, раширена од Македонија до Одринско.

 

Кога зборувам за ревизија на историјата, не мислам на правење услуга кон Бугарија, туку на правење услуга кон самите нас. Без отварање на перидот помеѓу двете светски војни, омразата која тлее кај дел од луѓето кои пропаднале во наметнатата историја, ќе ги претвори во обична пластелин раја, обликувана еднаш за секогаш, за доброто на некое време кое одамна завршило. Ако зборуваме за стреланите момчиња во Ваташа, мора да зборуваме и за стреланите во Велес, за крвавата коледа во Охрид, за стреланите Струмички студенти, за страдањата на Панко, Ченто. За апсот на цел президиум на АСНОМ, и за крикот на Методија Шаторов Шарло. Во тој крик, живее вистината за благиот македонски сепаратизам и кон Партизаните но и кон царските сили на Борис Трети. Чудно е… Нашите историчари, никаде не ги спомнале Србите како окупатори кога од Зебрењак продреа во Вардарска Македонија, убивајќи илјадници Македонци во Тиквешко и Охридско а со златни букви се прогласени за окупатори силите на Борис Трети, кои од Вардарска Македонија, тогаш Вардарска Бановина, ги протерале џандарите и војските на СХС. Дај господа историчари, дајте веќе еднаш здрава дефиниција што е тоа окупатор. Ако тоа биле Бугарите, исто биле и Србите и Турците. Со оние кои на Зебрењак поставивте национална гарда и ги удостоивте големо српските владики да прават панихиди во име на српството. Зошто тогаш не ја браневте Македонија господа историчари?

 

Јас сакам оваа хистерија да заврши господа. Ако за вас денес Србите ви се браќа, и вашата колективна меморија не сака да зборува за нивниот терор во Македонија, Турција и Ердоган се стратешки партнери на Македонија и вашата колективна меморија ги заборави 5 те века турско ропство, не гледам причина, толку силно да се потенцира периодот од 1941 до 1945 година, кој до денес е нецолосно расветлен и контраверзен. Дали зулимите над народот заршиле после Ослободувањето? Не е верно. Теророт продолжил а музејот на жртвите од Комунизмот ги запишал сите жртви со име и презиме. Ова ви го говорам вам, кои гордо го носите префиксот на ВМРО и кои не сакате јавно да признаете дека Бугарија и Софија, биле втор нивни дом. Таму работеле, таму се школувале, таму собирале чети и оружје за Македонија, и најголем дел од нив, таму почиваат. Нивниот Илинден е наш Илинден, но и Балкански крик за Слобода од турската чизма. Македонија нема ништо да загуби ако со своите соседи се поклони над нивното дело. Заедно со Бугарите, Власите, Албанците, и сите учесници во Илинденското.

Пишува: Булеварко

2 Коментари

  1. Калина

    Зошто зборувате тенденциозно за бугарската кауза а не за македонската? Дали е во амбиентог на владината бугарска пропаганда во име на бугарскиот договор ( бидејќи тие си го напишаа ) или е во прашање бугарско самоспознание. Се што е кажано не е точно, колку биле Србите окупатори толку биле и Бугарите. Македонската историја е призната како нај реална во регионот.

  2. Na Srbite im se osvetivme za nivnnite grevovi i okupacii vrz Makedonija so priznavanjeto na Kosovo.No treba i na Bugarite nekako da im se osvetime za nivnata okupacija i grevovi kon Makedonija.Treba i da prekinat pregovorite so Grcija.A teroristite od UCK koi ja napadnaa Makedonija?I ednata i drugata makedonska partija gi amnestiraa i so toa se posramotija,a ti ne gi osuduvash tie latinoalbanski zlostornici.Ti Bulevarko izgleda si nekoe bugarofilche.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*