Вилијан: Само на еден начин можеме да ја елиминираме Барселона

Денеска се играат последните две осминафинални средби во Лигата на шампионите, а со оглед на тоа што Баер Минхен го декласираше Бешикташ со 5-0 на првата средба целото внимание ќе биде насочено кон „Камп Ноу“ каде силите ќе ги одмерат Барселона и Челси.

Домаќините ќе тргнат со мала позитива со оглед на тоа што на првата средба во Англија се изборија за реми од 1-1, но овој резултат не е никаква гаранција за пласман во Топ 8 фазата. „Сините“ не се откажуваат од минување во следната рунда, но Бразилецот Вилијан смета дека постои само еден начин за да дојдат до посакувната цел-да одиграат перфектен меч во домот на каталонците.

-Првиот меч е во минатото, денешниот натпревар ќе биде тежок. Очекуваме Барса да го има поседот на топка. Мора да одиграме совршен натпревар за да се пласираме во четвртфиналето. Дојдовме тука да ја направиме истата работа што ја направивме на „Стемфорд Бриџ“. Знаеме дека Барса секогаш има поголем посед, сакаат да ја имаат топката, да играат… Како што реков, со топката мораме да бидеме поклинички. Без топката мораме да останеме компактни, бидејќи знаеме дека теренот е голем и мораме да останеме заедно, да не примиме гол и да одиме на контра-напад, -истакна Вилијан.

 

Извор: Дерби

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*