Влатко, а колку советници плаќаше твојот шеф Никола Груевски!?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во интервјуто на Алфа телевизија се осврна на назначувањето на Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа за советник на премиерот Зоран Заев, но и за бројката на советници кои се во владата на Република Македонија.

Сите овие милозвучни критики од Ѓорчев, кој загрижено прашува како е можно дури 56 советници да бидат ангажирани и плаќани од народот на оваа држава ќе беа навистина добронамерни но во случај кога истото ова прашање Влатко ќе го поставеше на неговиот шеф Никола Груевски кој во својот кабинет имаше 86 советници.

Затоа, глумата и вашата загриженост чувајте си ја себе. Немојте да му продавате пуфки на народот дека многу сте загрижени за тоа кој се го советува премиерот, колку пари се плаќаат за тоа од народот итн итн..
Овие прашања заслужуваат одговор од вистински опозиционери, а не од луѓе кои до вчера дури беа на власт лупаа милиони на споменици и склуптури, или што би рекол Ставрески, трошеа на чоколадо,
а немаат леб дома.

Пишува: Бранко Димитровски

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*