ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе како Спасовски не заслужуваат да го водат најкомплексниот ресор во Република Македонија

„МВР е во хаос, а единствени кои се задоволни од неговото работење се криминалните банди низ Скопје и државата, кои излегоа од подземје и почнаа да владеат со државата. Резултатот од неговото министерување е една голема нула.

Министерот Спасовски не спроведе ниту една акција за откривање на дрога, трговија со нелегално оружје или шверц со луѓе.

Министерот Спасовски во овие 100 дена не успеа да ги открие сторителите на вандалското уништување на православните гробишта во Љуботен.

Министерот Спасовски не понесе одговорсност за случајот во Струмица кога полицајци пукаа и тешко ранија малолетни деца.

Виновникот за крвавото убиство во кафуле во Струга, среде бел ден е сеуште на слобода.

Ова е неуспехот и неспособноста која Оливер Спасовски не ја кажа на својата прес конференција по повод 100 дена неработење и негрижа.

Граѓаните со право стравуваат за својата безбедност. Криминалците слободно се шетаат на улица и ги загрозуваат мирот и стабилноста на нашите улици и нашите населби.

Вакви луѓе и ваков министер како Спасовски не заслужуваат да го водат најкомплексниот ресор во Република Македонија. Наместо да се занимава со партиска пропагадна и неисчистени возила Спасовски треба да се грижи за безбедноста на сите граѓани во Македонија. Наместо да се занимаваат како да ја искористат полицијата во партиски цели Спасовски и Заев треба да се занимаваат како МВР повторно да биде симбол на доверба и професионализам.

Граѓаните ги препознаваат лошите политики на СДС и Заев. Затоа поради ова ќе бидат жестоко казнети на 15-ти oктомври“

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*