Волшебникот од КОС

 

И во оваа моја чудесна земја како и во блиската околина долго време владее волшебникот од КОС или како сакате наречетего. Попусто се надеваме дека ќе се најди некој јунак да не спаси од него кога сите јунаци кои се појавија до сега повеќе ми личи дека во негова корист си ја подаваат топката едни на други до бескрај и сето тоа на сметка на народот кој упорно чека спас од волшебникот кој по се изгледа учел “занает” од старата добра источна литература.
Ало бре… има ли некој паметен во оваа чудесна земја да ја смести таму каде што и географски припаѓа? Да не дозволува да бидеме дел од играта на пет-шес души на кои воопшто не му тежи џоестикот во рака во споредба со жртвите во нивната игра, малкумина останаа од генерацијата која се сеќава што значи “играта” на тие пет-шес души и не значи дека таа сега би изгледала поразлично. Да бидеме најнормална држава за 21-ви век, а не од “1984” и слепо да го штитат големиот брат. Да најди најнормален компромис со Р. Грција, која така ја нарекувам затоа што тие сами така одлучиле да ја наречат и да заборавиме на минатото со најдлабоко извинување и голема почит кон тие кои тоа никогаш неможат да го заборават. Да не дозволи таа ситна паричка која е далеку од цената да направи толку голем зијан…
Зарем треба да се става капакот на тенџерето во кое врие водата…? Не, тргнетего капакот и изгаснетего оганот, покажете самопочит, покажете дека застапувате луѓе кои заслужуваат да живеат како луѓе во овај 21-ви век, не се водете по пресметките и математиките и кој колку можи да зграби… еден ден ќе сфатите дека среќата не е во тоа и доколку мислите дека ќе побегнете сигурно со вас нема да ги земете сите кои можеби за момент ќе ви недостигаат, се разбира ако имате душа да го осетите сето тоа…
Имавме една можност во минатото од еден генерал која ја загубивме бранејќи го “златниот крст”, потоа имавме друга можност која ја загубивме бранејќи се од самите себе, па следната ја загубивме затоа што некој друг дојде да не “одбрани”… но мислам дека цело време тука е истиот стар добар волшебник кој учел од старата добра источна школа и несакам да помислам дека ќе има влијание и во оваа можност која можи да биди и последна…

Автор: Благојче Трајковски, член на ИК на ГДУ

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*