(ВО ЖИВО) Пожар во Калифорнија: Над 23 мртви, стотици изчезнати

Пожарите кои во неделата ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија, досега со себе зедоа 23 жртви, а околу 300 се водат за исчезнати. Поради силниот ветер кој со денови беснее, пожарот зафатил земјиште од околу 69 000 хектари земјиште.

Според властите во Калифорнија ова е еден од најголемите пожари што ја зафатиле Калифорнија во нејзината историја. Во справување со огнената стихија учествуваат повеќе од 70 хеликоптери и 30 противпожарни авиони, а на земјата се распоредени над 100 пожарни возила.

Штабовите за вонредна ситуација наредија евакуација на целиот град Калистог и населбата Гејсервил, а жителите на Санта Роза бегале од градот додека огнот ги голтал нивните домови, пренесува Еј Би Си.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*