Во новата шпанска Влада ќе има 11 жени и петмина мажи

  Новата социјалистичка влада на Шпанија денеска го објави составот на кабинетот, во кој има петмина мажи  и 11 жени.

Премиер Педро Санчез изјави  дека по првпат откако Шпанија се врати на демократскиот систем во доцните 1970-ти, во Владата има повеќе жени отколку мажи.

Потпретседателка на новата влада, која ќе биде задолжена за обновеното Министерство за еднаквост, ќе биде Кармен Калво, експерти по уставно право и министерка за култура во периодот 2004-2007.

Надја Калвино, којa беше генерален директор за буџет на Европската комисија од 2014 година, сега е назначена за министер за економија..

Долорес Делгадо, досегашна обвинителка за антитероризам ќе биде министерка за правда, Изабел Села министерка за образование, а Магдалена Валерио ќе го предводи Министерството за труд.

За министер за одбрана е назначена Маргарита Роблес, додека Марија Хесус Монтеро ќе биде на чело на Министерството за финансии.

Жени ќе раководат и со министерствата за правда и образование.

Инженерот и првиот Шпанец во вселената, астронаутот  Педро Дуке ќе биде министер за наука, а поранешниот претседател на Европскиот парламент и каталонски политичар кој се залага за единство со Шпанија Жозеп Борел е именуван за министер за надворешни работи.

Санчез го информираше кралот Фелипе Шести за имвањата пред објавувањето на новиот состав на владата, а новите министри ќе стапат на должност утре.

Санчез изјави дека неговата администрација ќе биде „напредни,модернизирачка и со Европа на ум.”

Новиот премиер вети и дека ќе започне преговори со новата влада на Каталонија, но истакна дека какво било решение ќе треба да биде во согласност со шпанскиот Устав, во кој се наведува дека земјата е „неделива”.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*