Вљубени во своите џелати

Вулгарен поглед врз македонскиот стокхолмски синдром.

Помнам едно нешто многу убаво, пред речиси 14 години имаше повеќе трафики низ градов…

Денеска ланецот од продавници „Локалот се издава (со години)“, бајаги е проширен. НО!!! Ние немаме проблем со тоа. Ние живееме во посебен филм. Ние сме, антички Македонци, ние сме Македонци од Јајце, (што седат на јајца) ние сме Македонци. кои можат да прифатат се, само едно не- да се разбудат!!!

27 години!!! Еден и ист филм, со ликови кои се менуваат на одредени периоди. Едни со краток рок на траење, други со малце подолг (Ѕинго например).

Ви текнува ли на муабетот „Ѕинго-педер“… ако ви текнува, тогаш да не се очудите, ако на крајот од експериментот Македонија, не испадне дека сите биле „ѕинговци“.

Јас ќе ви кажам нешто многу лично… Македонија ја сакам заглавена од трафики. Демолирана од насмеани луѓе. Преполнета со активни млади луѓе кои се „млатат“ со идеи за свој сопствен развој и развојот на својата сопствена околина.

Размрдај се, излези надвор од матрицата на Стокхолмскиот синдром и створи нешто за себе и за тие кои ги сакаш. Едноставно е!!! Ги стегаш задните делови на телото и победуваш.

Се надевам ќе научиме дека во Македонија не е ОК да се претвориш во дел од доброволно киднапираното стадо. Ако си дел од него, ќе те „архивираат“, а сите знаеме што најчесто и се случува на архивата во Македонија. Таа гори или се поплавува. Гори како забранета литература од Инквизицијата или тоне како погоден од камиказа воен брод од времето на Втората светска војна. И во двата случаи, резултатот е ист и трагичен.

Добродојдовте вие мили земјаци, а Бога ми и комшии!!! Ви посакуваме пријатен помин со театарската претстава „Стокхолмски синдром во Македонија“. Каде тргнавте вие од третиот ред на средина??? И вие сте дел од претставата, останете на своите места и молчете, а ако не ви се молчи, тогаш ќе морате да викате кога ние ќе ви кажеме. Кои сме ние ли…? Ние сме тие што вие ги мислите за главни актери, но во суштина и ние како вас, сме дел од филмот (во случајот трагикомичната театарска претстава). Разликата меѓу нас и вас е во тоа, што ние сме Избраните.

Ја сакам Македонија… И сакам таа земја со прекрасна природа и прекрасни луѓе, да оди напред. Да оди проклето напред, за да види што точно ќе и се случи ако мрдне еден сантим од статуквото.

Народот треба да оди!!! Да трча и да се бори, бидејќи веќе во трагикомедијава нема ништо смешно и на крај се ќе заврши трагично.

Добро е што мене не ме читаат батки што решаваат глобални проблеми, како војната во Сирија, пред кооперација со пивце и насецкана виршла… Немојте да се чудите, парите за нарезак одамна завршија. Но тоа е тема за некој следен напис. Добро е велам дека не ме чита секој, пошо турбофолкот е за секој, а јас не сум во тој филм.

Затоа…

Масата окрупнува и делува страшна, ама тоа е поради фактот што ние сме навикнати да живееме како дел од група, а не како индивидуи, кои се борат за својот успех.

Борете се!!! Не со глупи споредби кој е најстар, како држава или народ на Балканот, туку со идеи и реализирани ваши лични успеси. Така ќе ја вратиме елитата во нашата земја и ќе си го вратиме еснафскиот начин на размислување. Тоа е многу важно. Само така, таа прекрасна земја ќе опстане.

Не ги оставајте џелатите да ве обљубуваат… спротивставете им се!!!

Автор: Атанас Величков (батко Тане)

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*