ГДУ во посета на Охрид, следна станица Битола (ФОТО)

Денеска во 12 часот членови на Иницијативниот комитет за основање на ГДУ се сретнаа со граѓаните на Охрид. Балканскиот Ерусалим е третиот град по Куманово и Кичево, што беше посетен од активистите на ГДУ. Членовите на ИК на ГДУ ги запознаа Охриѓани со основните цели и принципи на Граѓанско Демократската Унија.
Средбата со граѓаните на Охрид помина во позитивна атмосфера, со размена на многу интересни идеи, околу развојот на демократијата во Македонија и пред се зацврстувањето на граѓанското општество, како основен фактор за креирање на една подобра иднина на нашата земја.
Следна станица на „караванот“ на ГДУ е градот Битола. Денеска во 17 часот Битолчани ќе можат да се запознаат со идеите и целите кои си ги има поставено Граѓанско Демократската Унија.

ГДУ во посета на Охрид, следна станица БитолаДенеска во 12 часот членови на Иницијативниот комитет за основање на ГДУ …

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Saturday, 13 January 2018

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*