Георгиевски со лекција за домаќинско работење за Груевски и Заев: Го завршил премиерскиот мандат со 14 советници!

Деновиве актуелно на македонската политичка сцена е назначувањето на Џезаир Шакири алијас командант Хоџа за соработник односно советник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот во Владата на Република Македонија. Шакири не е единствениот советник во Владата, напротив, тој е еден од 56-те советници ангажирани во периодот откако на премиерското столче е Зоран Заев.
За разлика од него, претходникот Никола Груевски имал 86 советници, кои од година в година се зголемувале се до крајот на неговото 10 годишно владеење.

Најмал број на советници или соработници ангажирани од кабинетот на премиерот имала владата на Љубчо Георгиевски, која мандатот го почнала со 9 советници, за да својот крај на мандатот го заврши со вкупна бројка од 14 советници.

Бројот на вработени во владата на РМ почнувајќи од 2010 година па се до 2015 година беше двојно зголемен. Праксата на поранешната Влада на Никола Груевски да распишува конкурси за да го зголеми бројот на советници, но и службеници на различни позиции е продолжена од новата влада на СДСМ и ДУИ.

Оттука, се поставува прашањето – дали на премиерот навистина му се потребни толку многу советници во и ионака пренатрупаната администрација или станува збор за блиски луѓе кои досега не биле згрижени поради различни причини?

Ако Владата од 1998-2002 година го завршила мандатот со само 14 советници, тогаш која е реалната причина да после 16 години имаме пет пати зголемен број на вработени во истата? 

За новите советници во Владата има повеќе реакции во јавноста, особено по назначувањето на претседателот на ОМ Љубе Бошковски како посебен советник за инвестиции на премиерот Заев, како и назначувањето на Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа како советник – соработник за анти-радикализам.

Со реакција се јави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која праша какво искуство има Бошковски за привлекување на странски инвестиции и дали луѓе како Шаќири кои се на црната листа на САД оставени токму поради неговото делување и ризик што го претставува по безбедноста, можат да бидат на висока функција во Владата.

За разлика од македонските влади и политичари, бугарскиот премиер Бојко Борисов кој ужива голема доверба кај меѓународниот фактор и во ЕУ има вкупно 16 советници од кои 14 се експерти и технички соработници односно ист број како македонската влада од 1998 до 2002 година ( ЛИНК – ОВДЕ )

ФОТО

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*