Главните ѕвезди на меѓусебен разговор: Ги признале своите грешки и разговарале за идните засилувања

Каталонски „Спорт“ на својата денешна насловна страна открива дека главните ѕвезди на Каталонците имале меѓусебен разговор кој се однесуваше на елиминацијата од Рома во Лигата на шампионите. По состанокот, играчите на Барселона дојдоа до многу важни заклучоци. Тоа пред се е нивно убедување дека тимот е на добар пат пред самиот крај на сезоната, каде се на чекор од враќање на приматот во Ла Лига и само чекор од освојување на титулата во Купот. Веќе го сабота ги очекува финале со Севиља.

Исто така, главните ведети конечно сфатија дека помошта на играчите од клупата била мошне лоша, како и тоа дека на тимот му се потребни врвни играчи во средината од тренот. И тоа, се чини, ќе биде пред се Андре Гомеш, Денис Суарез и останатите со ништо не докажаа дека се вредни за дресот на Барса. Особено тоа се однесува на поранешниот играч на Валенсија, кој апсолутно ги разочара сите откако блесна на ЕУРО со Португалија.

ФОТО

Како што пренесува весникот ведетите на Барса заклучиле и дека од клучна важност е да се доведат нови ѕвезди со цел да се засили конкуренцијата во екипата. Тоа сигурно не е Артур Мело, туку тоа се играчи од типот на Гризман или Пјаниќ и Ериксен.

„Мундо Депортиво“ со својата денешна насловна страна „Испит на првенството“, истакнува дека вечерашниот дуел против Селта на „Баиладос“ е конечен испит пред освојување на шампионската титула во Шпанија, со оглед на тежината на ова гостување во минатото. Ернесто Валверде најави ротации во екипата уште во текот на прес-конференцијата, а на списокот на повикани играчи, освен Ракитиќ, го нема ни Бускетс, Иниеста и Пике. Може ли Барса да го преживее и ова гостување, па да остане непоразена ќе се дознае вечерва околу 23 часот.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*