Го прашав Фергусон: Можам ли да го добијам дресот на Бекам, тој рече “не“ и ја лупна вратата

Велшанецот Роби Саваж никогаш не беше посебно технички надарен фудбалер, но со својата работа и труд успеа да направи добра кариера во Премиерлигата.

Тој беше член на добро познатата генерација на Манчестер Јунајтед со Гери, Фил Невил, Пол Сколс, Бекам и останатите, но на Олд Трафорд никогаш не доби шанса да заигра.

Од Манчестер замина во Крју Александар, а потоа во Лестер Сити, Бирмингам, Блекбурн и Дерби Кантри. Многу интересна приказна што е поврзана за неговото враќање на Олд Трафорд во дресот на Бирминген од 2002. година. Тој после тогашниот натпревар го прашал Дејвид Бекам дали може да го добие неговиот дрес.

– Го прашав Бекам “можам ли да го добијам твојот дрес?“, а тој ми рече дека можам, но морам да го прашам Алберт човекот задолжен за дресови. Значи, додека излегувавме од теренот го прашав Алберт “можам ли да го земам дреост на Бекам?“, а тој ми рече дека можам, но би требало да го прашам тренерот, се присетува фудбалерот и продолжува:

“На Олд Трафорд гостинската соблекувална е веднаш спрема вратата на тренерот, барем така беше во тоа време. Му реков на нашиот тренер “слушај“, ќе заминам до Фергусон да го прашам за дресот на Бекам, а тренерот ми одговори позитивно, но немој да правиш голема фрка околу тоа бидејќи го загубивме натпреварот. Отидов, тропнав на врата, тој ја отвори и ми рече “Здраво, Роберт“ – ми викаше Роберт! Јас реков Давид и Алберт ми рекоа дека можам да го земам дресот на Бекам – дали тоа е во ред за Вас? – по што тој ми одговори “Не“ и ми ја затвори вратата“, рече фудбалерот.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*