Градоначалникот на Дебар набавил џип од 50.000 евра, му било “неопходно“

Градоначалникот Ружди Љата рекол дека возилото е неопходно за теренска работа, а дека старото службено возило веќе застарело и е неадекватно.

Општина Дебар купила џип вреден 50.000 евра како службено возило.

Според објавениот договор, дел од медиумите пишуваат дека општината го купила возилото „folksvagen tiguan“.

Како што пишува порталите, градоначалникот Ружди Љата рекол дека возилото е неопходно за теренска работа, а дека старото службено возило веќе застарело и е неадекватно.

-Возилото е набавено по сите законски прописи и неопходно е за општината. Избрано е возило со најниска понудена цена. Ова возило јас нема да го користам, јас нема да го возам, но тоа е за потребите на општината. Знаете како е во Дебар, рекол Љата.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*