Громогласна тишина на Бујар Османи и ДУИ

Поминува една недела откако јавно го прашав потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, според кој намерно треба да се кочат реформите во Македонија и да не се спроведува целосно планот 3-6-9 со цел катастрофално ниското ниво на реформи во Албанија да не изгледа така катастрофа. Познато е дека секое следно проширување на ЕУ ќе биде во група во која секако ќе има повеќе држави. Една група се Србија и Црна Гора, втора се Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Првата група има сериозни изгледи зашто веќе преговара и во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан имаат конкретен мотив, а тоа е да станат членки по 2025 година, додека за втората група нема таква јасна перспектива. Македонија е некаде на средина помеѓу овие две групи. Имено за Македонија е клучно да се реши проблемот со името за да се отстрани политичката пречка во форма на грчко вето. Потоа, се очекува Македонија да им се приклучи на Србија и Црна Гора, а имајќи го во предвид нивото на досега реализирани реформи како прва земја кандидат за членство во ЕУ од цел регион, како и потенцијалите на Македонија, се очекува и да ги претекне Србија и Црна Гора.

Но ова не им се допаѓа на стратезите од Тирана кои се обидуваат да реализираат невозможна мисија – од една страна да ја оттргнат Албанија од групата со Косово и Босна и Херцеговина, а од друга страна да не ги реализираат потребните реформи. Начинот што го пронашле овие стратези е да се формира нова група составена од Македонија и Албанија. Тирана е свесна дека Македонија е далеку понапред од Албанија, но сметале на два фактори – прво дека уште некое време ќе нема договор за прашањето за името и, второ, да се забават реформите во Македонија. За второво наишле на плодна почва – сите знаат дека основна одлика на оваа влада е неспособност, Владата е целосно неспособна да испорача суштински реформи во клучните области, пред сѐ во делот на поглавјата 23 и 24, а тоа е владеењето на правото и борбата против корупцијата. Вториот фактор е личниот аспект, имено Албанија наоѓа одличен партнер во ДУИ која би помогнал во реализацијата на оваа стратегија. Во двата клучни ресори има нивни кадри – секторот за евроинтеграции и Министерството за правда. И во двата се случува силна кочница на реформите. Ова е забележано од ЕУ и затоа оставката на досегашниот министер за правда не е заради образложението што го даде – а тоа е злоупотреба на една трагедија и изгубен млад живот, туку неговата целосна неспособност и немањето волја да испорача суштински реформи. Во делот, пак, на секторот за евроинтеграции – самото немање иницијатива ни желба да се испорача, немањето сериозен притисок врз институциите, како и немањето координација да се испорачаат суштински реформи нѐ носи до катастрофално ниско ниво на реализација на реформите напишани во т.н. план 3-6-9. Нивото на реализација според самата Влада од 42 отсто е најлошиот перформанс на Македонија некогаш виден.

Останатиот дел од колумната на Александар Николоски прочитајте ја на Независен.мк.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*