Груевски по вторпат го нападна Џафери

Вест/Фото – МакФакс

Пратеникот Никола Груевски по втор пат го нападна собранискиот спикер Талат Џафери. Во моментот кога Џафери го стави Законот за јазици на гласање, со гласно скандирање пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го спречат тоа, а пак експремиерот Никола Груевски повторно се качи на собранискиот пулт кај претседателот Џафери за да го спречи гласањето.

Груевски успеа да му ја одзеде картичката за гласање на собранискиот спикер Талат Џафери, по што пратениците кои гласаа по бадентер мораа да кренат рака за да се избројат гласовите. Собраниското обезбедување веднаш истрча за да го заштити Џафери, по што Груевски му рече на Џафери да го повлече кажаното и дека законот е изгласан.

Собранискиот спикер Џафери излезе од салата, но по неколку минути се врати и каже дека законот е изгласан. На ова реагираа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а Влатко Ѓорчев му рече на Талат дека постојат закони, Устав, Деловник и тие мора да се почитуваат, дека ова е силување на државата.

Извор: МакФакс

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*