Груевски: СЈО е забегано, судиите имаат политичка агенда која мора да ја исполнуваат

Секој ден се соочуваме со нови неправди. Се повеќе се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдот „Процес“ од Кафка, изјави екс премиерот Груевски по денешното излегување од судот.

Имаше еден од обвинетите кој што е болен, кој достави лекарско уверение, дека треба да мирува и не смее да се изложува на физички напор и замислете за него обвинителството побара притвор. Ова ја покажува забеганоста на ова Јавно Обвинителство, додаде тој.

Тој го спомена примерот и за вчерашното судење за предметот за набавката на „мерцедесот“ кое траеше неколку часа.
За никого друг не се останува после работното време, дури за најголеми убијци, терористи итн итн, секогаш судењата завршувале до 15:00 часот, само во случаите каде што сум јас во прашање имаме пролонгирање додека судијката не ја заврши својата замислена обврска. Истите овие судии му закажуваат на Заев на месец и пол, два и за 15 минути завршува се. Очигледно е дека судиите имаат политичка агенда која мора да ја исполнуваат“, рече Груевски.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*