Димитров ќе се обрати на годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот во Белград

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе се обрати како главен говорник на регионалната конференција организирана по повод 10 годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот, што ќе се одржи денеска и утре во Белград, Република Србија.  Главна мисија на оваа организација е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од Регионот, како и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии  За време на настанот предвидено е министерот Димитров да оствари неколку билатерални средби со реномирани учесници на конференцијата.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*