До Таравари: Знаеме дека е ХОРОР во болниците. Фотографирај ПРЕД и ПОТОА и докажи дека си различен!

Министерот за здравство деновиве е актуелен на социјалните мрежи откако објави фотографии од катастрофалните состојби и услови во штипската болница и кичевската болница, на кои гласеше – ОВА ГО НАСЛЕДИВМЕ ОД ВМРО како Министерство за здравство.

Дека болниците во Македонија се под секое човечко достоинство, дека условите во истите се ужасни како сцени од хорор филм, тоа не е спорно. Тоа најдобро го знаат болните и граѓаните на Република Македонија кои за жал имале потреба да се лекуваат и да почувствуваат на своја кожа какви се нашите здравствени установи.

Затоа, како граѓанин на оваа држава, кој исто така добро знае какви се условите во болниците во Македонија, му порачувам на Министерот (наместо да фотографира и да ни објаснува нам кои многу добро знаеме какви се условите во болниците) да се зафати со работа, да се изградат и темелно реконструираат болниците во Македонија. Тогаш, Министерот нека објави фотографии ПРЕД и ПОТОА и нека нам, граѓаните ни докаже дека е различен и дека на неговите наследници им остава реконстуирани, модерни и нови болници по врвни светски стандарди.

Пишува: Марио Милчевски

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*