Е. Захариева: Преговорите за името меѓу Македонија и Грција се билатерално прашање

Преговорите со посредништвото на ОН меѓу Скопје и Атина се билатерално прашање, ова го изјави потпредседателката на бугарската Влада и шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во однос на тоа каква е бугарската позиција во спорот за името на Македонија.

„Значи, како што за време на потпишувањето на нашиот договор, ќе беше несоодветно некој друг да се меша во нашите билатерални односи со Македонија, не сметам дека е добро за самите преговори да има било какво влијание од страна“, изјави Захариева.

“Нашето мислење е јасно, преговорите се билатерално прашање меѓу двете држави. Не би сакале во името да има нешто што би можело да донесе идни територијални претензии кон Бугарија. Бугарија ја призна Република Македонија, под нејзиното уставно име без никакви префикси и тоа пред доста години “, коментира Захариева.

“Ги поздравувам колегите, ме радува тоа, што тие се среќаваат често и има напредок во овие преговори. Не им е лесно, им пожелувам успех”, рече Екатерина Захариева.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*