Заев: Кафе и средби и со лидерот на опозицијата, но секој треба да одговара за стореното

Премиерот Зоран Заев вети борба со корупцијата. Новите министри имаат 100 пријави против претходниците, што значи тој што се огрешил по закон мора да одговара и тие нема да бидат исти.

„Охрабрувам директно кај мене, кај генералниот секретар и кај граѓанските организации, чинителите во правосудниот систем да пријават доколку некој врши притисок врз правосудството“, побара Заев.

Тој нема предрасуди и како што рече секогаш ќе пофали она што е добро.

„Има квалитени кадри од политичкиот опонент и тие добри професионалци треба да се искористат. Но сакам да дадам шанса и на други професионалци. Апсењето не е работа на извршната власт, тоа е работа на правосудството. Со секој би пиел кафе и би разговарал и со лидерот на опозицијата за доброто на Македонија. Дијалог мора да постои, но секој да одговара за стореното“, рече Заев во емисијата „Отворено“.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*