ЗА КАКВА АДМИНИСТРАЦИЈА ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ ?!

Повеќе од десет години модернизацијата и реформите во информатчкото општество стагнираат, а тоа го потврдува истражувањето на Обединетите Нации, каде што Македонија е на последното место во регионот во сите сегменти на анализата. Истото се потврдува и во истражувањата на ЕУ. Реформите за модернизација и воведување на информатички технологии, се само препишувани од една владина програма во друга и сеуште остануваат без никакви резултати.

Политизирана, нестручна и неефикасна јавна администрација е вистинската слика изминатите години. Одредена категорија на вработувања се вршат само за да и послужат на олигархијата за манипулација со граѓаните за време на избори, протестни собири и слични настани, за кои граѓаните се условени да ги следат наредбите за присуство и поддршка на високите политички структури. Од овие причини се вработуваат граѓани кои немаат соодветно образование, соодветна работна позиција и се вработуваат по партиска линија.

Основен фундамент за отпочнување на реформи е вкупниот број на административци, но повеќе од половина година ‘’квалификуваниот‘‘ закржлавен кадар неможе да се преброи помеѓу себе, а не сакам да помислам како ли излегуваат во пресрет за потребите на граѓаните. Поедноставно беше да се состават специјализирани тимови распределени по институции, кои ќе резултираат со поефикасно и поефективно броење на административците, па во интерес на времето да може сериозно да се пристапи кон имплементирање на суштинските реформи потребни за европските интеграции.

Каква е таа администрација која не може да се преброи меѓу себе? За каква администрација граѓаните плаќаат? Адмнистрација која има недоветен и нискостручен кадар, може ли да им обезбеди квалитетна и навремена услуга на граѓанте? Од искуство ќе си дозволам да кажам, НИКАКВА. Што да очекуваме кога низ годините наназад, сите знаеме на каков начин се вршеа вработувањата и со каков кадар располага.

Покрај администрацијата, суштествен и тесно поврзан е пописот на населението кој е исто така од исклучителна важност за функционирањето на една држава. Тоа се важни показатели дека државата со години стагнира во овој битен сегмент за просперитет. Попис на население е организирано прибирање на разни податоци за населението кое се спроведува во една држава.

Во повеќето држави најчесто се организира во период од една декада, додека кај нас последниот попис на населението е направен во 2002 год. и имавме еден неуспешен обид со низа контроверзности во 2011 год. Пописот обезбедува податоци како број на населението по демографски, географски , етнички, економски и социјални белези, а збирните податоци од пописот се користат за анализа и оценка на економскиот и социјалниот развој, планирање на развојот на стопанството, образованието, здравството и во другите економски и социјални сфери, кои ќе покажат во која насока треба да се насочат реформите. Јавната администрацијата е една од најголемите области каде што државата треба да вложи големи напори и посветеност за брзо реформирање.

Ако ги следиме прес-конференциите и изјавите по медиумте, чувството е дека за многу кратко време Македонија ќе профункционира и ќе стане мала Швајцарија, но за жал тоа се само ентузијастички изјави кои реално се без резултат.
Се разбира, целиот процес бара голема внимателност, трпеливост и превземање на конкретни дејствија. Но, мислам дека треба да се интензивира и да се земе предвид дека тоа се институции од јавен карактер кои постојат за потребите на граѓаните.

Автор: Јована Спасевска, член на ИК на ГДУ

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*