Зекири сведочеше: Видов како го вадеа Села, со навредливи зборови беше извикувано и моето име

Колку што се сеќавам на тој ден, Села стоеше на нозе, но беше наведнат во моментот кога напаѓачите го одвоија од толпата, рече Мухамед Зекири во денешното сведоче за слуачјот обид за убиство на Зијадин Села.

На денешното рочиште, обвинетиот Александар Јаневски, кој беше посочен од Зекири како еден од оние кои го извадиле Села од прес салата, вкрстено го испрашуваше пратеникот од СДСМ.

Зекири истакна дека го кажува она што го видел тој ден, истовремено истакнувајќи дека и тој бил баран горе во прес салата кога неговиот колега Павле Богоевски бил нападнат.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*