Извештај: Британските граници се неподготвени за Брегзит

Британските граници и имигрицискиот систем не се подготвени за Брегзит поради несигурност и намалување на средствата, се посочува во денеска објавениот парламентарен извештај.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека се разгледуваат различни опции за имиграцискиот систем по излегувањето на Велика Британија од Европска унија и оти ќе ги претстави основните планови кога истите ќе бидат подготвени.

– Повеќе од една година Владата се уште не ги претставила главните детали за регистрација на сегашните (ЕУ) жители. Пролонгирањето на Владата да го претстави планот за регистрација на граѓаните од други националности и транзицискиот период ги попречува граничните и имиграциските службеници да ја завршат својата работа, се истакнува во извештајот на британскиот Парламент.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*