Има(ше) еден Лидер

И, така…
Има(ше) еден политичар кој, додека сите други политичарчиња (водени од сопствените лични и моментални потреби, хирови и сламки за спас) преговараа со “албанскиот“ фактор за состав на Владата и Платформата на маса, тој ЈАВНО инсистираше македонските политички елити да побараат мислење од гарантите на Охридскиот рамковен договор (ОРД), тие да се изјаснат, особено во светло на нивните тврдења дека со ОРД се исцрпени сите речиси аспекти и ќе се стави крај на барањата на етничките заедници кои и онака ги уживаат најголемите права и слободи дури и во споредба со државите од ЕУ .
Има(ше) еден Лидер, кој упорно и родителски ги повикуваше бившите сопартијци и т.к.н. претседател на РМ г-от Ѓорѓи Иванов, да не промовираат улични протести кои можат да доведат до ескалација на и онака зовриената ситуација т.е. да доведат до несакани еруптивни моменти кои, за жал се случија со кулминација на 27.04,2017. Наместо тоа, ги убедуваше да не ја продлабочуваат кризата, Иванов да се однесува одговорно, да не изигрува кловн, бидејќи доколку и дојде да се гласаат некои закони кои беа оспорувани, Уставниот суд согласно ингеренциите треба да ги процени, т.е. поништи, особено знаејќи го составот на судиите. Епилогот беше ужасен, непотребно настрадаа пратениците, а денес и оние највоинствените вклучувајќи дел од службениците во МВР. Кое “самоубиство“, кој дилетантизам на врхушката, неверојатно.
Има(ше) ЛИДЕРИШТЕ кои уште 2002 ја разбра играта и начинот на “убедување“ на западната заедница за која нема(в)ме алтернатива и уште тогаш повика, кога веќе преговараме за заеднички прифатливо име, тоа што побргу да го направиме, додека демандите, барањата и условите (некоректно) наметнати од Грција но и на сите други, ќе бидат минимални и горе доле прифатливи, поради што побара единство особено по Самитот во Букурешт. Ако тоа го направевме тогаш, денес верувајте нема да говоревме за Македонци со БГ пасош, преговори, платформи, Диви насеља, кризи, СЈО, ОЈО, гонење вештерки и слично…
Има(ше) Македонец кој велеше просто, ПАТРИОТ Е ОНОЈ кој ќе ја спречи македонската нација да се иселува, а не оној кој се удира во гради и му кажува на народот она што сака да го слушне, само да не му наштети на рејтингот свој…

И, така.. да не продолжувам…а има уште многу. Друга прилика…

 

Пишува: Коко Колар

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*