ИНТЕРВЈУ Стојан Рашков: Ќе бидеме гласот на младите и енергијата во институциите

ПОГЛЕД: Од каде идејата за формирање на една ваква иницијатива водена од млади интелектуалци кои на некој начин ќе допринесат за поинаква политичка кампања во вашиот град?

 

  • Идејата се роди како резултат на согледувањето на потребата од како што кажавте од група млади интелектуалци за поголема граѓанска партиципација во општествено-политичкиот живот, како спротивност на досегашната партиско-клиентилистичка пракса.

 

ПОГЛЕД: Вашата советничка листа предлага советничките паушали да бидат пренасочени во солидарен фонд и парите да бидат пренасочени во корист на социјалните случаи и тешко болните лица. Дали со таа Ваша идеја не влегувате во полето на популизмот?

 

  • Популизмот е начин на политичко делување кој не е поткрепен со лични примери, наспроти тоа меѓу нас има многу луѓе кои имаат повеќе хуманитарни активности зад себе, еве на пример ќе зборам јас за себе си член сум на организација која има организирано повеќе хуманитарни настани а парите од промоциите на мојата прва книга ги донирав за лекување на едно девојче.

 

ПОГЛЕД: Како ќе го спроведете на дело слоганот на Вашата советничка листа „Младоста е знаење, знаењето е зрелост“ ?

 

  • Со конкретни активности во сферата на неформалното образование и културата и со нашите настапи во Советот на Општина Кочани за кои ќе се залагаме да бидат емитувани во живо на локалните кочански телевизии.
Фото

ПОГЛЕД: За кој од проблемите што ги мачат Кочани и околината, ќе се зафатите најпрвин, ако гласачите ви ја дадат својата доверба и станете дел од советот на општината?

 

 

  • Прво и најбитно – започнување на процесот на градење младински политики и формирање на функционален младински центар каде ќе можеме да ги реализираме и имплементираме.

 

ПОГЛЕД: Што е тоа што не трпи никакво одлагање?

 

  • Дефинитивно тоа е подобрување на состојбите во образованието со цел оспособување на младите за поголема општествена партиципација со што сметаме дека ќе се зголеми свеста кај младите за граѓанството во најширока смисла на зборот со сите права и одговорности што тоа ги носи.

 

ПОГЛЕД: Во текот на својата предизборна кампања зададовте „културен удар“. Колку силен удар му треба на Кочани за да се разбуди, да заживее и да се претвори во подобро место за живеење?

 

  • Ние со самото организирање на тој настан испративме јасна порака дека можеме да организираме културни настани надвор од институционалните лавиринти од чисто волонтерско-граѓански побуди.После тој настан Кочани е разбуден во културолошки контекст. Сите ние будни граѓани ќе го направиме подобро место за живеење.

 

ПОГЛЕД: Што ќе им предложите на младите, а и на постарите за да го заокружат бројот 55 на гласачкото ливче?

 

  • На младите ќе им дадеме чесен збор дека ќе бидеме нивниот глас и енергија во институциите а на возрасните ветување за подобра и посветла иднина на нивните деца која ќе биде заеднички успех за сите нас.

ПОГЛЕД: Што мислите за делењето кафе и маички од страна на вашите политчки опоненти? Има ли опасност откако ќе се сретнете со „убавата страна“ на власта, на следни избори да ве видиме и вас како одите од куќа на куќа со вреќи кафе, наполитанки и маички со симболите на вашата иницијатива?

 

  • Нашиот концепт тргнува од правото на приватност и почитување на вистинските вредности на избирачите. Нивниот пристап е многу шаблоинизиран и крајно неефикасен и се судира со правото на приватност.

 

Стојан Рашков

 

 

ПОГЛЕД: Каква е просечната возраст на членовите на Вашата иницијатива?

 

  • Нашите кандидати за членови на совет дури 17 од 19 се под 30години со просечна возраст од 26години.

 

ПОГЛЕД: Како ќе ги убедите гласачите дека вашата младост е плус а не минус?

 

  • Многу едноставно, со нашата енергија, ентузијазам и знаење им покажавме дека имаме политички дискурс и сакаме да и испратиме јасна порака дека сме спремни истото да го манифестицираме во идниот совет на Општина Кочани.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*