Ким Чен Ун навива за Манчестер Јунајтед

Лидерот на Северна Кореја  Ким Чен Ун признал дека е фан на фудбалот и особено Манчестер Јунајтед. Тоа го тврди италијанскиот политичар Антонио Раци, кој е познат по неговите тесни врски со севернокорејскиот диктатор, пишува “The Sun”.
Ким Чен Ун е љубител на фудбалот уште од своето детство и секогаш ги гледа најважните европски турнирски натпревари.
Првиот човек на Северна Кореја изјавил дека се надева дека ќе ги види севернокорејските фудбалери не само во Премиер Лигата, туку и во другите европски шампионати во иднина. Според него, Северна Кореја е земја која постојано се развива.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*