Крем карамел

Состојки:
– 1 л. млеко
– 6-7 јајца
– 250 гр. шеќер
– ванила екстракт
– 100 гр. шеќер за карамелизирање

Подготовка:
Подгответе си чинии или чашки за крем карамел. Шеќерот за карамелизирање ставете го во сад на ринглата заедно со 1 лажица вода. Мешајте додека се карамелизира и внимавајте да не го прегорите шеќерот. Кога ќе биде готов ставете го на дното од чашките.
Јајцата измешајте ги со млекото и шеќерот. Додадете ја ванилата и распоредете ја смесата во чашите. Наредете ги чашите во длабока тава, дотурете вода до малку над средината на чашите и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 1 час.

Температурата не треба да биде силна и водата не треба да врие. При потреба за време на печењето дополнете уште вода во тавата.

Послужете го крем карамелот изладен и превртен во чинија.

На здравје!

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*