К. Синадиновска: Stella, Steven, George, Doris и Bianca ќе ни држат на ужасен македонски лекции за патриотизам!

На 32 години се запишав на часови по македонски јазик и правопис, оти сакам да си го ЧУВАМ јазикот и се срамам кога правам грешки, се омажив и зачував семејно презиме без придавки, татковината ја сакам со ДЕЛА и со откривање и јавно разобличување на СИТЕ оние коишто ја крадат и ги манипулираат граѓаните, до последно ќе се борам за демократија и за сите вредности на векот во којшто живеам, а моите деца (кои патем се крстени со имиња од Зборникот на Миладиновци) ќе ги учам да препознаваат и пропаганда и политички инженеринг.
До неодамна се смеев на овие, дел глупави, дел примитивни, дел чисто политички или со јасна агенда обвинувања од дома и од светот, од оние кои себеси се сметат за единствени патриоти. Демек само тие ја сакале Македонија. Како ја сакаат гледавме и гледаме… Главните креатори на поделбите на народот, оние кои веруваа и гласаа за политичарите кои го распачија неговото единство за клучни, најбитни национални прашања сега ќе ми пеат песни од кои вистинските патриоти се вртат во гробовите. Срам да ви е!
Затоа од денеска, секој кој ќе се дрзне мене и на секој чесен, посветен, способен, млад, умен, прогресивен Македонец да ни продава приказни дека ја сакал Македонија повеќе од нас со потези што само ја делигитимираат и подриваат нејзината меѓународна позиција и одработуваат за душманите и домашни и странски… ќе го пратам таму кај што заслужува – за почеток, на пример во Австралија, а понатаму, согласно заслугите и подалеку…

Facebook статус на новинарката Катарина Синадиновска

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*