Легендата на Барса се потсети на најлудото парче хартија на кое потпишал договор со Меси (Фото)

Живата легенда на Барселона, Карлес Рексач беше дел од каталонскиот гигант и како играч и како тренер и како спортски директор, а еден од неговите најголеми успеси дефинитивно се води денот кога успеа да потпише договор со таткото на талентираниот Лионел Меси.

Во разговор за британскиот таблоид „Сан“, легендарниот Рексач се потсети на тоа како употребил парче салфета за да го доведе Аргентинецот во младинската школа на Барселона, а бизарниот состанок се случил во ресторан каде Рексач пристигнал потполно неподготвен и без никакво знаење на клубот.

– Гледавме една група на деца која беше дојдена од Јужна Америка, а иако прилично бев незаинтересиран, едно дете повторно ме натера да гледам на теренот. Си помислив, фудбалот е тимска игра нели? Но, во тоа дете видов некој кој може да игра сам, кој може сам да ги помине сите и да постигне гол. Имаше ненормални квалитети, сите потребни инстинкти, се гледаше дека е роден да игра фудбал. Веднаш сфатив дека мора да го купиме, тоа дете беше од друга галаксија. Кога се сретнавме во ресторанот со него и татко му, дадов збор дека ќе потпишам парче хартија како потврда за тоа дека стварно ќе го купиме. Затоа од келнерот побарав хартија, а тој ми донесе салфета. Па на салфетата, како спортски директор на Барселона, се потпишав дека ќе го купам Лео Меси, а останатото е веќе историја, – се присетува легендарниот Рексач.

ФОТО

 

Извор: Дерби.мк

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*