Македонецот на тезга

Караваните ги завршија своите финални кругови. Ако некој мислеше дека по смената на власта, ќе дојде до опуштање од стегата околу македонскиот гласач, гадно се зезнал. Повторно во трк и јуришништво се згнаа кочиите кој повеќе жива човечка маса ќе стркала по булеварите. Ги потстроија како коцки на улиците. Едните сини, другите црвени. Или портокалови, се е едно. Алчноста за апсолутен број на пратеници се замени со мотив, животот да се преточи и на локално ниво, за да може целосно да профункционира трулото општество. Кога мислам на труло општество, не мислам само на она кое во голем занес го испративме демек во историјата. Мислам и на ова новово, кое најавува доаѓање на демократијата и грижата за сечиј живот. Животот стана евтина играчка во рацете на политичарите. Труло е и сегашново кога сите молчат на трендот да се молчи на алармантно високиот број на починати новореденчиња. Труло е кога се молчи на јурушништвото на Зијадин Села кој најавува дека македонецот-варварин треба да се протера од своите огништа, затоа што тој му ја газел автохтоноста на Албанецот во Македонија. Оној Албанец кој нас ни маваше четки преку очите дека единствената мотивација за нив е канализацијата а не федерализацијата. Зијадин Села од Велешта им ги разби бајките на оние со кои го труеа македонскиот гласач, кој понижен, прегазен, мораше да молчи, за да можеме да ја истуркаме големата слика, нели? А Зијадин Села ги потсети убаво и гласачите Македонци и гласачите Албанци. Дека тие не гласаат за асфалтот по кој газат туку гласаат за каузата. Онаа на која сите ние треба да замолчиме и да се праиме на удрени. За доброто на граѓанска Македонија, во која сите можат да го билдаат национализмот а македончето треба да атрофира во аморфна и безимена маса! Ајде fuck off!!! Премногу е тоа и за вашата голема слика која пробувате да му ја подвалите на Македонецот.

Дедоно Панче Ангелов што ја искуба пратеничката во државното собрание, доби 4 годишна затворска казна. Делото кое го направи заслужува осуда и немаше никој да се осмели ниту малку да реагира, ако во предвид се земеше и изјавата на големиот портокалов лидер, кој го набуцка својот народ да не седи дома по папучи, туку да излезе на улица и да си ја брани државата. Народот не остана дома по папучи. По папучи останаа дома и големиот портокалов лидер и Бетменот кој никокаш не полета и оној едноокион кој пафташе со неговата НЕ У ЕУ парталка пред собрание и ја замајуваше масата дека Путин и Дачиќ ќе дојдат и на бел коњ ќе ги внесат во нов 4 годишен мандат. Во папучи седат и оние илјадници кои деновиве прифатија да застанат зад лидерот кој ги пушти низ канализација, луѓето кои излегоа на улица на неговиот повик. Ако на оние другите нели, не им личи да бидат патриоти, овие другиве од земја се треснаа со тој патритизам. А зошто? За Талат да им мава чврги од говорница и да им држи моно-драми? Во нокаут отидоа оние кои тргнаа да ја бранат државата од нејзино обезличување како и оние наивни демократи кои веруваа дека некој ЧЕ СИ ЛЕЖИ…Че си лежи жими, ти диит…. Се се сведе на усташката маица на Игор Југ, на импулост на дедото кој бил презадоен со утрински контактни емисии, и на шамарите за Жерно…

 

Толку драги мои…Премногу евтино и премногу фејкерски, за пак да ги полните нивните плоштади и заради нив да се закрвувате со ближниот свој. Наместо тоа, земете сетете се на зборовите на еден лидер кој реши да ги бојкотира овие избори поради разниве непринципелности. Кога екс-премиерот Георгиевски даде на тацна предлог за амнестија, по него плукаа актерите од двата табори кои денес треба да одиграат еден фудбалски натпревар со многу малку голови. Од бројчаникот на триуфална нема да видиме ништо, од големи спектакуларни апсови исто така. Барем да ја видиме еднаш со чисти очи сликата на оние кои себе сакаат да се наречат дека се ВМРО-вци и после се. Е нив, не ги интересира оваа мачкина игра на двава табори. Нив им се блуе да помислат да се довлечлаат до гласачките места….Ама искрено….Тие едвај чекаат да се раздени и сонцето повторно да изгрее од исток и да го покрие ова небо кое се повеќе затемнува…
Не знам зошто но некако како да и двете најголеми партии се изгубија во идентитетската криза која ги демне веќе неколку години. Некако и двете партии претставуваат ист концепт – граѓански, и двете партии лобираат кај албанските гласачи иако и двете партии имаа свои дефилеа по повод различните “тирански“ платформи кои денеска вешто ги подтурнуваат под тепихот, а воедно со раширени раце ги прифаќаат небаре тоа е последната работа која остана да се сработи во државава.

Реално, најголемите јадови паѓаат на тетовчани кои последниве две години се обединија против лошите политики на градската мајка (или маќеа) Арифи, особено во однос на депониите, водата и градската инфраструктура, а сега и двете партии како да подзаборавија на кого со прсти посочуваа како најголем виновник па денеска отворено лобираат за “нејзино“ повторно реизбирање. И наместо изборите да бидат чекорот кон промени и процес во кој народот ем ќе казни но и избере нов народен избраник и овојпат истите циркузијади како и секоја година, со стотици илјади евра во актовки, лисици на кандидати за советници, поткупувања.

Заборавивме за правдата за сите, заборавивме за одговорноста, заборавивме за моралот и честа, заборавивме за Мартин Нешковски, заборавивме за „Монструм“? Но не заборавивме за дедото кој ја кубеше Шекеринска. Нему прв го осудивме. Грев е таков криминалец и злосторник слободно да шета по улиците на Македонија. Не дај боже, можеби и тој би можел да шитне 400. 000 евра, не знаејќи за што, да остане жив и да биде награден за тоа како функционер во вашата Влада? Тоа ли е животот кој го најавувате господине премиер? Тоа ли е правдата (селективна) за која зборувавте кај што ќе стигнете?

Зарем ова ли се граѓанските опции кои двете најголеми партии ги нудат на граѓаните?! Исто така жал ми е што единствената десна опција во Македонија, ВМРО-Народна партија заради ним добро позната причина не излегоа на овие избори да го отворат патот кон третиот односно алтернативниот избор наспроти концептуално истите “големи“ партии. Сигурен сум дека тоа вмровско јадро на чело со веќе докажаниот лидер како “татко на нацијата“- Љубчо Георгиевски, ќе ја извадеше вистинската рамка за тоа како и на кој начин Македонија може да опстои без погубните политики на веќе докажаните два “големи“ партиски субјекти. Одеднаш законот за јазици помина и кај едните и кај другите, другите пак дури бесрамно и без трошка памет упорно ја промовираат својата заедничка “граѓанска“ платформа вадејќи односно не вадејќи свои кандидати во општините за кои и едните и другите имаат односно немаат интерес.

И како утре, после четири години истите кои своите мислења ги менуваат како чорапи ќе ја бараат довербата од граѓаните што на локални, а што на парламентарни избори, а да е зборуваме за претседателските кои верувам дека ќе бидат посебна приказна.

Пишува: Булеварко и пријателите

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*