Малдини со оценка за новиот Милан

Италијанскиот гигант Милан вложи сериозни финансиски средства во летниот преоден рок, но резултатите за овој тим беа под нивото под водство на Винченцо Монтела за да ситуацијата драстично се промени, откако командата ја презема Џенаро Гатузо.

Сега „росонерите“ играат посигурно, поквалитетно, поборбено, а најдобар доказ за тоа се остварените резултати. Позитивно овој нов Милан го оцени и легендарниот Паоло Малдини кој ретко се расфрла со изјави и предвидувања, но верува дека неговиот поранешен клуб може до крајот на сезонава да дојде до местата кои водат во Лигата на шампионите.

-По навистина тешкиот старт, Милан веројатно е најдобриот тим меѓу оние кои го бркаат четвртото место. Значи, мислам дека е фер за нив да веруваат дека можат да влезат во Лигата на шампионите, бидејќи одредени резултати доаѓаат само со верување. Тоа значи дека мора да се борите до крај се додека постојат било какви можности, -истакна Малдини кој истата порака му ја испрати и на Наполи.

-Истото важи и за Скудетото. Наполи мора да верува и да не се откажува бидејќи никогаш не знаете што може да се случи. Нема многу шанси да видите како Јувентус губи, но ако тие згрешат мора Наполи да биде таму и тоа да го искористи, -рече славниот ас за „Скај“.

Милан со 47 бода во моментов е на шестото место, односно има шест бода и натпревар помалку во однос на Лацио кој ја држи таа посакувана четврта позиција.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*