Маче фати се со мене

Маче, фати се со мене
Иам продавница за сурова иронија
На ќушето од Рузвелтова и дрезденска.
Иам литературен опус долг колку ракава
И дупло подебел.
Иам финтаџиски дуќан
И мајсторско сведочанство
Од заебантскиот еснаф.
Со татко ти ќе праиме џаболебарска задруга
А брат ти ќе го напраам Васка Илиева.

Маче, фати се со мене
Од два метра растојание погаѓам контињер
Со празно пакло цигари
Дури в Вашингтон далечен
Доналд Трамп указ потпишува
Перо Антиќ 100 кила гомна да изеде.
Душманите у дупка мишја се кријат
Чим искача Никстер војвода
На таа фејсбук планина.

Маче, фати се со мене
У живот само на две цури иам мавано
На тебе, и на Благица Павловска
Нозете ти се маче солунски диреци
Од на Благчето боските едно 70%.

Маче, фати се со мене
Ми паѓа поглед врз тебе
А тебе ти паѓа секирата у медот.
Фати се со мене маче,
Не ми го арчи времето да му ја мислам
Дали на кур ил на хауба да те качам.

Пишува: Никстер

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*