Меркел и Путин: До решение може да се дојде само по пат на преговори

 

Претседателот на Русија Владимир Путин и германскиот канцелар Ангела Меркел ги осудија провокациите на Пјонгјанг.

Како што соопшти Кремљ, по телефонски разговор на двајцата лидери на иницијатива на Меркел, разменети биле мислења за актуелната ситуација на Корејскиот полуостров. И двете страни се согласни дека до решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров може да се дојде само со преговори.

Оценето е дека најновите потези на Пјонгјанг се во спротивност со принципите на глобално неширење на нуклеарното оружје, и се сериозна закана за регионалниот мир и безбедност.

– Потврдено е дека регулирање на кризата е можно со политички и дипломатски средства, обновување преговори на сите страни кои се ангажирани во нив, се нагласува во соопштенеито од Кремљ.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*