Мицкоски: Деградација во администрацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вечерва на ТВ дуел на МРТ дискутираа за повеќе прашања, меѓу кои и за внатрешните реформи кои треба да ги преземе извршната власт.

Според премиерот денеска има критериуми, за да се покажат конкретни резултати, за да се дојде до професионална администрација. 

Неговиот политички противник Христијан Мицкоски му возврати: 

– Градоначалникот на Берово ја ангажираше сопругата, директорката на агенцијата за вработување, сестрата на сопругот, синот на советникот ваш Грчев во ЕЛЕМ, на Талат Џафери ќерка му.. и да не ги набројувам другите. Не господине Заев, ова не е реалноста, а за ова граѓаните трпат, рече Мицкоски обраќајки му се на премиерот.

– И тие луѓе некаде мора да работат. Зборуваме за 3.000, 4000 вработувања оваа година, од кои вие издвојувате 10, до 15. Вие немате право да зборувате за непотизам, рече премиерот Заев.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*