Мицкоски до Заев: Јавно кажавте дека нема да преговарате за уставното име, денеска прифативте решение за промена на уставното име

„Нема да преговараше за уставот на Република Македонија на еден од националните медиуми. Господинот Заев денеска тука ќе каже дека го спасил достоинството. Вие Зоранте сте го урнисале целиот процес на преговори, не се водат преговори егзбиционистички. Вие менувате изјави постојано. Велевте нема да менувате устав, сега го велите спротивното. Вие го потценивте народот. Процесот преговори со ЕУ и НАТО е паралелен, само народот му требат чесни политичари, тоа е најголемиот капитал господине Заев. Вие со вашите настапи го урнисавте она што 25 години е создавано“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев.

„Предлогот на Заев е одбиен. Сега ќе се преговара за други предлози. Ако еднаш излажете, втор пат излажете, како ќе ви веруваат трет пат“, рече тој обраќајки му се на премиерот Заев на вечерашниот ТВ дуел.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*