Наместо да го покажува своето античко потекло, владиката Петар да објасни каде ги потроши парите добиени од Груевски?

Наместо да го покажува своето античко потекло, добро би било владиката Петар да ѝ каже на македонската јавност каде се потрошени огромните финансиски средства, добиени од Владата во времето на Груевски. Нека нѐ запознае исто така и со својот албански партнер во градењето на згради во Битола. Нека одговори јавно зошто црквите и црковните имоти во Австралија ги префрлил на фирми, на кои тој се јавува како сопственик. Наместо да го покажува своето античко потекло, добро би било владиката Петар да ѝ каже на македонската јавност каде се потрошени огромните финансиски средства, добиени од Владата во времето на Груевски. Нека нѐ запознае исто така и со својот албански партнер во градењето на згради во Битола. Нека одговори јавни зошто црквите и црковните имоти во Австралија ги префрлил на фирми, на кои тој се јавува како сопственик. Нека каже колку пари од верниците се потрошени за безбројните судски спорови во Австралија, со кои владиката Петар се суди со својот народ. После тоа, може да зборува и за историја ако сака, иако се покажа дека воопшто не барата со историските факти.

Владиката се служи со евтин квази-патриотски популизам, правејќи ја МПЦ најстара црква во светот, иако и самиот тој добро знае дека во моментот, во црковниот свет, СПЦ се води како мајка црква на МПЦ. Но, со оглед на тоа што нашата древна Охридска Архиепископија била укината, и таа е возобновена од егзархиските епархии и свештеници, и затоа БПЦ, исторски и канонски, има поголемо право да се нарече Мајка Црква на МПЦ-ОА. Затоа таа треба да и го признае автокефалниот статус на нашата Црква, нешто што сега МПЦ со достоинство го побара. Тука нема никакво предавство или потчинување, туку канонски исправно дело за постигнување на меѓународна признатост на автокефалноста.

 

Писмо од читател (Авторот и е познат на редакцијата)

 

 

Еден коментар

  1. Ѓорѓи Поповски

    Ако авторот е добар познавач на севкупната состојба на историските факти и црковната историја неговото име не треба да биде познато само на редакцијата туку на целата јавност.Јас не можам дс се пофалам со такви познавања како авторот познат на редакцијата само знам дека ниту БПЦ ниту СПЦ се апостолски цркви а МПЦ-ОА е една од апостолските цркви.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*