НЕВЕРОЈАТНИОТ КЕЈН: Ги претрка Роналдињо, Дрогба, Коста и Инзаги

Хери Кејн испиша историја на англиските фудбалери во Лигата на шампиони со синоќешниот погодок против Јувентус.

Имено, тој го постигна седмиот погодок оваа сезона во Лига на шампиони и со тоа се израмни со Стивен Џерард. Тие двајца се единствените англичани кои стигнале до таа бројка во една сезона од Лига на шампиони.

Но, Кејн стана првиот играч во историјата на ова натпреварување кој постигнал девет голови на свои девет натпревари во ова фудбалско натпреварување.

Кејн вечерва во Торино го претрка Роналдињо, Инзаги, Дрогба и Диего Коста кои постигнале по гол помалку.

Исто така, Кејн оваа сезона постигна 33 голови во сите натпреварувања, повеќе од било кој играч во Европа.

Реваншот со Јувентус е на 7. март.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*