Неста со своето први деби како тренер во Италија

Алесандро Неста го имаше својот дебитантски ангажман како тренер во редовите на американскиот второлигаш Мајами, а очигледно дека во понеделник ќе ја добие првата работа како тренер и во својата татковина Италија.

Медиумите од „чизмата“ тврдат дека легендарниот дефанзивец ќе биде наследник на Роберто Бреда на клупата на Перуџа, клубот кој денеска соопшти дека ја прекинува соработката со поискусниот стручњак.

Информацијата ги изненади медиумите бидејќи и покрај денешното реми против Новара, Бреда и обезбеди на Перуџа место во плејофот за пласман во Серија А, со што тимот ќе може да се бори за враќање во елитата.

Извор: Дерби.мк

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*