Новиот руски херој: Во последните моменти пред падот, пилотот на урнатиот авион “An-128” направил многу хумана работа

Во падот на авионот загинало 71 лице, но експертите веруваат дека пилотот пред падот направил многу хумана работа. Тој, кога било јасно дека авионот ќе падне, го свртел леталото од курсот според кој ќе паднел во селото во близина.

ФОТО

Истражувачите и натаму не можат да ја утврдат точната причина за падот, но според првите податоци, леталото најверојатно бил соборен од експлозијата на моторот.

Според зборовите на сведоците, пред падот се слушнала експлозија во воздухот. Пронајдени биле двете црни кутии кои требало да помогнат во откривањето на причината за падот на авионот.

Телата на жртвите се расфрлени по поголема површина, и ќе биде тешко да бидат идентификувани. Се проценува дека за тоа ќе бидат потребни ДНК примероци од роднини на жртвите.

Авионот на компанијата “Saratov Airlines”, “An-148”, летал кон градот Орск, во областа Урал, во близина на руската граница со Казахстан, во Оренбуршката област, а се урнал четири минути по полетувањето од московскиот аеродром.


Извор: Tocka.com.mk

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*